Крилниот напаѓач на Реал Сосиедад е на чекор од трансфер во Серија А во дресот на Рома, потврди неговиот агент.
Јанузај беше на мета на Милан и Рома, но „росонерите“ се откажаа од трката, па Рома наскоро ќе го добие неговиот потпис, потврди агентот Дирк де Врисе.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Во постојан контакт сме со Рома и ги разгледуваме опциите како да ја финализираме зделката. Трансферот најверојатно ќе биде позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната“, потврди агентот.
Рома ќе го донесе Јанузај на позајмица со право на откуп за 15 милиони евра, а Белгиецот на „Олимпико“ треба да биде замена за повредениот Николо Заниоло.