Дома Трансфер зона Агентот потврди: Јанузај се сели во Серија А

Агентот потврди: Јанузај се сели во Серија А

Италијанските гиганти Милан и Рома се заинтересирани за белгискиот репрезентативец Аднан Јанузај, потврди агентот на фудбалерот.

Двата клуба бараат засилување на крилните позиции. Сусо е на излезна врата од „Сан Сиро“ и Милан е во потрага по замена за Шпанецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна Рома после пропаднатиот трансгфер на Политано, сега ќе се насочи кон Аднан Јанузај, кој со успех го носи дресот на Реал Сосиедад.

„Можам да потврдам дека Милан е заинтересиран за мојот клиент и Јанузај сигурно би сакал да потпише за „росонерите“. Исто така и Рома покажува силен интерес, па големи се шансите Аднан уште овој месец да се пресели во Серија А“, изјави неговиот агент.

Двата клуба се спремни да го донесат Јанузај на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на лето, па останува да видиме кој клуб ќе постигне договор со шпанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …