Ракометната репрезентација на Македонија денес го отвора 16. Европско првенство во машка конкуренција.
Прв противник на Македонија е моќната Франција против која играме од 18:00 часот, а овој натпревар е посебен затоа што ќе се игра на стадионот во Дизледорф „Меркур Шпил-Арена“ кој во овој момент е претворен во ракометна арена. Натпреварите на македонската селекција ќе може да ги следите на МТВ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Минуваме низ смена на генерација и овојпат имаме многу нови играчи со нас. Тие треба да научат како е да се игра на највисоко ниво, иако некои од нив играат во Лигата на шампионите на ЕХФ веќе неколку години. Ова е шанса да играат вакво натпреварување, а ние веќе сме среќни што се квалификувавме“, најави пред овој натпревар селекторот Лазаров.
На овој натпревар ќе биде поставен рекорд по бројот на посетеност бидејќи ќе го гледаат повеќе од 53.000 гледачи, исто како и во следниот натпревар кој домаќинот Германија ќе го игра против Швајцарија.
На официјалната страна на Европското првенство објавено е и видео на кое може да се види како течело градењето на ракометниот терен на стадионот.
Turning a football stadium into the biggest handball stage in 15 seconds 🤩🔥#heretoplay #ehfeuro2024 pic.twitter.com/jZETEHBmvi
— EHF EURO (@EHFEURO) January 9, 2024
Македонија по првиот натпревар во Дизелдорф се сели во Берлин каде што ќе ги одигра преостанатите две средби од групата против Германија и Швајцарија.