Пред натпреварот против Грузија кој е претпоследен во Лигата на Нации за оваа сезона Македонија се соочува со многу повреди, меѓутоа желбата за успех не изостанува.
Јани Атанасов е еден од помладите наши репрезентативци кој ја чека својата шанса од селекторот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сме комплетни, но ние што сме тука ќе дадеме се од себе како што е секогаш за нашата репрезентација. Во Грузија одиме по три бода, ги чекаме задачите на селекторот и останатото е на нас“.
Верува дека со спроведување на идеите на селекторот на теренот можеме до успех и три бода.
„Ние сме тука да ги извршиме неговите задачи, во тој сегмент можеби бевме малку помалку агресивни. Имаме многу млади играчи и жедни сме за докажување и мислам дека селекторот може сериозно да смета на нас. Скоро сите имаме играно такви важни натпревари и се надеваме дека и сега ќе испадне добро за нас“, изјави Атанасов.
Грузија во Тбилиси ќе не пречека во петок од 18:00 часот, а три дена подоцна ние ќе бидеме домаќини на Бугарија.