Jaни Атанасов доби шанса за игра во натпреварите со Италија и Малта во овој квалификациски циклус.
Избраниците на Милевски се прикажаа во одлично светло, а Атанасов против Малта беше од првата минута на теренот и одигра 78 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заслуживме честитки затоа што ги оставивме срцата на теренот. Уморни сме, но тоа е само мал влог за целите кои ги поставивме. Делувавме многу компактно и заслужено дојдовме до трите бода.
Покажавме дека одлично играме под притисок и мислам дека сме зрели за многу успеси во иднина. На мечот со Малта бевме одлични од почетокот до завршницата. Одлично работевме на теренот и заслуживме победа. Денес мислам дека бевме добри и во офанзивата, ги искористивме шансите и го затвораме овој циклус со важна победа“, изјави Атанасов
Со оваа победа Македонија се врати во игра за едно од првите две места, но мисијата ќе биде и тоа како тешка, иако во овој момент изгледа дека сме блиску. До крајот на очекуваат натпревари против Украина, Италија и Англија.