И во изминатата вечер Никола Јокиќ покажа зошто е МВП во НБА лигата и го предводеше својот тим до триумф против Голден Стејт со убедлвии 134:117.
На теренот Јокиќ помина 33 минути и тоа му беше доволно за одличен трипл-дабл од 22 поени, 14 скокови и 16 асистенции, а шут од игра имаше 9/13. За Јокиќ ова беше втор трипл-дабл со најмалку 20 поени и така влезе како седми кошаркар во историја со ваков учинок, претходно тоа им успеа на: Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Расел Вестбрук, Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уште една одлична вечер имаше и Лука Дончиќ кој постигна 31 поен, додаде осум скокови и четири асистенции во победата на Далас над Њу Орлеанс од 111:106.
Победа славеа и Лејкерс предводени од Ентони Дејвис кој се врати во тимот и одигра натпревар со дабл-дабл од 31 поен и 14 скокови, треба да се спомене и дека ја имаше клучната блокада во одбраната кога се решаваше победникот. Леброн го заврши натпреварот со 26 поени, седум скокови и седум асистенции.
Вечерта сепак ја обележа Јанис Антетокумпо со неверојатни 54 поени и 19 скокови, неговиот Милвоки славеше победа над ЛА Клиперс со 106:105 и тоа откако се врати од негатива од 20 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – ЛА Лејкерс 111-112, Кливленд – Мемфис 128-113, Њујорк – Мајами 106-104, Чикаго – Шарлот 114-98, Далас – Њу Орлеанс 111-106, Денвер – Голден Стејт 134-117, Милвоки – ЛА Клиперс 106-105.