Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое кажа дека би можел да го напушти Милвоки бакс.
Адетокумбо кажа дека екипата мора да промени одредени работи за да го задржи, а приоритет се засилувања со кои Милвоки ќе биде конкурентен за титулата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не би бил најдобар, ако не знам дека сме на иста страна. Сите сакаме да освоиме титула, да жртвуваме време. Ако немаме такви шанси, нема да потпишам нов договор“, кажа Адетокумбо.
Гркот игра за Милвоки од 2013 година, а во 2021 година стана шампион и ја освои МВП-наградата.