Дома Останати Тенис Јаник Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Јаник Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во меч што траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси.

За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…