Дома Македонски спорт Јаневски откако го препороди АЕЛ: Не сум магионичар, не правам ништо посебно

Јаневски откако го препороди АЕЛ: Не сум магионичар, не правам ништо посебно

Eксселекторот на Македонија и македонска фудбалска легенда има фантастичен почеток на клупата на АЕЛ Лимасол. Од кога тој е во клубот АЕЛ од можни 15 бода освои 13.

Јаневски победи на четири од петте натпревари и со четирите триумфи во низа го одведе АЕЛ од дното до петтото место на табелата. Кипарските медиуми по ваквата низа го нарекоа Јаневски магионичар, но сепак тој останува скромен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ништо не правам посебно. Не сум магионичар. Само со мојот тим работиме напорно на тоа што треба секојдневно. На почетокот имаше многу изгубени бодови, меѓутоа тимот има квалитет и ќе продолжиме да работиме. Нема да летаме во облаци, ќе останеме цврсто на земја“, изјави Јаневски.

Во следните три викенди АЕЛ го чекаат три нови тешки натпревари, прво со лидерот Пафос кој им бега пет бода, потоа следи АЕК Ларнака, па Анортозис. Низ кариерата за Јаневски АЕЛ е четврти клуб во Кипар претходно ги водеше Енозис Паралимини, Етникос Ахна и Олимпијакос Никозија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …