Дома Фудбал Ѕвездите на Барселона во понеделник се враќаат дома, а една од нив останува во Саудиска Арабија?

Ѕвездите на Барселона во понеделник се враќаат дома, а една од нив останува во Саудиска Арабија?

Фудбалерите на Барселона во моментов се во Саудиска Арабија каде што ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид. Овој натпревар се игра во недела, а шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на каталонскиот клуб може да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.

Каталонците во среда навечер успеаја да го победат Атлетик Билбао со 2:0 во полуфиналниот натпревар од Суперкупот, па во финалето ќе го гледаме „Ел Класико“ бидејќи Реал Мадрид синоќа беше подобар од Мајорка.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра во недела со почеток во 20 часот, а ден подоцна играчите на двата клуба ќе се вратат во Шпанија каде што ги чека продолжение од натпреварите во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Сепак, како што наведуваат шпанските медиуми, не е невозможно еден од играчите на Барселона да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.

Станува збор за холандскиот играч на средината Френки Де Јонг кој се наоѓа на трансфер листата, а во Барселона сакаат што побрзо да го решат неговиот статус бидејќи стана јасно дека нема намера да го продолжи договорот со Каталонците.

Тој веќе се поврзува со неколку клубови од Англија, а сега се појави информација дека еден клуб од Саудиска Арабија сериозно го сака Де Јонг и дека е подготвен да го купи Холанѓанецот до крајот на јануарскиот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во авион со среќен крај: Доктор на српски тим спасил живот на петгодишно девојче!

Многу српски клубови веќе се упатиле кон Турција, каде што за време на паузата во првенств…