Дома Фудбал Ѕвездата на Атлетик го кажа она што си го мислат: Срамно е да играме во Саудиска Арабија!

Ѕвездата на Атлетик го кажа она што си го мислат: Срамно е да играме во Саудиска Арабија!

Фудбалерот на Атлетик Билбао Инаки Вилијамс ја критикуваше одлуката на Фудбалската федерација на Шпанија завршницата на Суперкупот да се игра во Саудиска Арабија.

Напаѓачот на Атлетик по поразот во полуфиналето против Барселона (2:0) се пожали што овој турнир се игра далеку од навивачите.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


“За нас, иако имавме неколку навивачи, игравме како гости. Штета бидејќи вака атрактивен натпревар, да се играл поблиску, стадионот би бил полн со многу наши навивачи. Срамота е што мора да одите стотици километри далеку од нашите луѓе, од нашите семејства”, искрено кажа Вилијамс.

Вилијамс тука не застана и кажа дека нема смисла да се игра во Саудиска Арабија.

“За мене нема смисла да играме во Саудиска Арабија, но фудбалот сега е таков. Штета, за мене тоа е срамно и тажно”, додаде напаѓачот на баскијскиот тим.

Во другото полуфинале на Шпанскиот Суперкуп вечерва се сретнуваат Реал Мадрид и Мајорка.

Финалето е на програмата на 12 јануари, а наградниот фонд е распореден врз основа на освоените титули, историја и број на навивачи.

Се очекува Реал и Барселона со евентуален настап во финалето да заработат околу 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова снимка од повредата на Бентакур (Видео)

На натпреварот од Лига купот што се одигра во Лондон помеѓу Тотенхем и Ливерпул (1:0), деф…