Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Тотенхем донираше 100.000 фунти и доби критики затоа што не донирал повеќе

Ѕвездата на Тотенхем донираше 100.000 фунти и доби критики затоа што не донирал повеќе

son

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг Мин донираше 100.000 фунти за жртвите на еден од најголемите во историјата на Јужна Кореја.

Јужна Кореја прогласи вонредна состојба. Земјата беше зафатена од најголемиот пожар во историјата. Огнената стихија уништи 135 домови, а во гасењето на огнот активирани беа 17.7000 припадници на итната служба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако ги дозна тажните вести, Сон се одлучи да донира 100.000 фунти за да помогне барем до некаде во санирањето на големите штети.

Сон се смета за национален херој во Јужна Кореја и беше еден од бројните луѓе кои испраќаа донации.

„Сумата не е ништо во споредба со она што го дадоа жртвите“, изјави Сон и продолжи:

„Иако живеам во странство, знам што се случува во мојата татковина. Си помислив дека е потребно да направам нешто. Парите во овој случај не се важни“, гласеше пораката на фудбалерот на „петлите“.

Сосема неочекувано и покрај донацијата од 100.000 фунти, Сон од дел од јавноста во неговата земја доби критики затоа што не донирал повеќе.

Луѓето кои го критикуваат Сон порачуваат дека тоа не го направил со срце, туку само поради негово промовирање во јавноста бидејќи сумата не е ниту колку една негова неделна плата. Сон во англискиот премиерлигаш добива 140.000 фунти неделно.

Ваквите критики баш и немаат некоја основа затоа што Сон не важи за фудбалер кој сака да биде во центарот на вниманието.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…