Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Сити преместен во најозогласениот затвор во Англија

Ѕвездата на Сити преместен во најозогласениот затвор во Англија

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди ги помина божиќните празници во Стрејнџвејс, еден од најстрогите и најозлогласените затвори во Англија, каде ќе остане и во иднина.

 27-годишниот Менди минатата година беше обвинет за седум силувања на четири жени и за сексуален напад на петта жена.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Во затвор е од август, а ќе му се суди на 24 јануари. Менди е суспендиран од Манчестер Сити, отстранет е од ФИФА видеоигрите, а од овој вторник е префрлен од затворот во Ливерпул во во затворот Стрејнџвејс во Манчестер во кој се сместени затвореници кои се окарактеризирани како опасни.

„Стрејнџвејс е еден од најсторгите затвори во Англија, но негов друг проблем ќе бидат навивачите на Манчестер јунајтед кои се наоѓаат во него. Во ноќите постојано ќе се извикува неговото име за да го остават без сон, посебно бидејќи е обвинет за силување“, пишува таблоидот „Сан“.

Таблоидот пишува дека обвинетите за силување не се популарни меѓу затворениците и тоа би можело да му предизвика дополнителни проблеми за Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…