Манчестер Јунајтед ќе се обиде до крајот на неделата да го комплетира трансферот на левиот бек на Порто, Алекс Телеш.
Бразилецот веќе се договорил со англискиот гигант за договор до 2025 година, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се очекува Манчестер Јунајтед да испрати и официјална понуда во висина од 20 милиони евра за услугите на Телеш кој сам побарал од Порто да биде пуштен да си замине.
Раководството на Јунајтед бара засилување на одбраната по поразот од Кристал Палас во саботата. Клубот разговара и за можно привлекување на централен дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.
#MUFC seem to be very close to signing left back Alex Telles from @FCPorto. The player wants the move and Unted are trying to agree a fee of around €20 million as the player is in the last year of his contract. Expect the deal to be agreed before the end of the week pic.twitter.com/mew823HzQ1
— 1878 Red Devils | MUFC ? (@1878_RedDevils) September 21, 2020