Манчестер Јунајтед е на чекор од комплетирање на трансферот на левиот бек на Порто, Алекс Телеш, пренесуваат медиумите на Островот.
Двата клуба веќе една недела водеа преговори, Јунајтед сакаше да го вклучи Диого Далот како дел од трансферот, но португалскиот клуб ја одби таа можност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На крајот двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 26 милиони фунти и во следните денови Алекс Телеш треба да пристигне на „Олд Трафорд“.
Раководството на Јунајтед бара засилување на одбраната по поразот од Кристал Палас во саботата. Клубот разговара и за можно привлекување на централен дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.