Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.
Договорот на Камара истекува следното лето, па поради тоа Марсеј мора да го продаде, а Милан испратил понуда од 15 милиони евра.
Марсеј првично бараше 20 милиони, но најверојатно ќе ја прифати понудата на „росонерите“ бидејќи може да го загуби играчот без пари следното лето.
📰 @NonEvoluto: Boubacar #Kamara is #ACMilan's number one target for the midfield. The club has an agreement in principle with the entourage of the player, he has refused an offer of an extension, his contract expires in 2022. pic.twitter.com/lhqtcpAlY9
— Milan Posts (@MilanPosts) August 1, 2021