Искусниот Унаи Емери се соочува со проблем во Астон Вила која ја води одлично сезонава во Премиер лигата.
Имено, Емери во продолжение од сезоната нема да може да смета на Бубакар Камара кој беше една од неговите најважни алки во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според најавите од Островот сезоната за Камара дефинитивно е завршена, а под знак прашалник се доведува и неговото учество на Европското првенство.
„Ситуацијата на Камара ќе биде појасна во наредните денови по дополнителни консултации со специјалист за вакви повреди“, стои во соопштението на премиерлигашот.
Повредата Камара ја заработи во натпреварот против Манчестер Јунајтед во кој Астон Вила беше поразена со 2:1. Во редовите на Вила Французинот пристигна во 2022 година од Марсеј и брзо стана еден од клучните во тимот.