Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Ливерпул: Слабиот старт нема да биде проблем

Ѕвездата на Ливерпул: Слабиот старт нема да биде проблем

Ливерпул неочекувано лошо ја отвори сезоната и нема победа во првите три кола од Премиер лигата.

Притоа, беше поразен во големото дерби на Олд Трафорд, но ситуацијата не е проблем за играчите или менаџерот Јирген Клоп, смета напаѓачот Луис Дијаз.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Имавме малку тежок почеток. Не е баш како што го посакувавме пред почетокот на сезоната. Ние сме клуб кој сака да освои три бода на секој натпревар. Не би рекол дека е проблем за играчите или менаџерот, но сигурно сите знаеме дека мораме подобро“, изјави Дијаз.

„Црвените“ минатата сезона завршија на второто место зад шампионот Манчестер Сити, но тие моментално се на 16-та позиција откако освоија само два бода од три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадри одлучи: Родриго може да замине, но ова е цената!

Бразилецот и крилен напаѓач Родриго е една од ѕвездите на тековниот трансфер период, но ос…