Дома Фудбал Ѓулер нема дилеми каде сака да продолжи: Купив куќа, подготвен сум за борба!

Ѓулер нема дилеми каде сака да продолжи: Купив куќа, подготвен сум за борба!

Арда Гулер продолжува да се обидува да се наметне кај Карло Анчелоти во силната конкуренција на средниот ред на Реал Мадрид. Турскиот 20-годишен играч за врска оваа сезона одигра вкупно 1088 минути – дури 999 помалку од 19 години постариот Лука Модриќ. И покрај тоа, уверен е дека ќе успее.

Гулер пристигна во Реал во 2023 година како 18-годишник од Фенербахче. Шпанските медиуми брзо почнаа да го споредуваат со Модриќ, а трансферот изнесуваше 20 милиони евра, со дополнителни 10 милиони преку бонуси. Фенербахче има и право на 20 проценти од заработката од потенцијална идна продажба.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Гулер сѐ уште нема стандардно место во тимот. Анчелоти му верува помалку отколку на Модриќ, кој и понатаму ужива голем углед. Колку е тоа нагласено, покажува и коментарот на новинарот на Кадена СЕР, Антонио Ромеро, во преносот на натпреварот: „Модриќ, пензиониран, во градината со домати во Хрватска, подобар е од Гулер“.

И покрај сè, Гулер е сигурен во својата иднина во Мадрид.

“Купив куќа во Мадрид. Убеден сум дека ќе успеам. Работам напорно и подготвен сум за секој натпревар. Реал ми даде план и јас верувам во тој план. Единствена желба ми е да играм во Реал и да му помагам да победува. Подготвени сме за борба за трофеи”, изјави Гулер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија испушти победа во последната секунда (видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија одигранерешено против Велс, но победата ја испушт…