Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, откако со убедливи 3:0 го совлада Чешкиот тенисер Тома Махач со 6:1, 6:4, 6:4.
Ѓоковиќ беше убедлив против Махач, но тоа што најмногу ги загрижи навивачите е тоа што Новак побара медицински тајм-аут, кога во еден момент зеде и инхалационен лек.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
По мечот, Новак ги сподели првите впечатоци за мечот во интервју на теренот со Андреа Петковиќ.
„Беше жешко. Се обидував да останам смирен и да се изразувам дипломатски. Резултатот е изненадувачки, добив во три сета, се борев физички со себеси, но успеав да ја подобрам играта и сервисот ме служеше. Во третиот сет ја играв својата игра. Ова е најдобриот меч кој сум го одиграл – рече Новак, кој потоа се осврна на проблемите што ги имаше физички кога побара медицински тајм-аут.
– Се обидував да дојдам до здив, имав проблеми, немам веќе 19 години – рече Новак, по што Андреа му даде комплимент дека изгледа како да има 19 години, по што еден навивач викна „Омажи се за мене“.
– Извини другар, имам жена. Можеме да одиме на пијалак. Можеби веќе сте испиле неколку. Тој и јас одиме подоцна во четвртиот сет – се пошегува Новак со навивач кој очигледно беше “под влијание”.