Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Српски политичари ме осудуваа затоа што навивав за Хрватска

Ѓоковиќ: Српски политичари ме осудуваа затоа што навивав за Хрватска

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, откри во интервју за американскиот „GQ“ дека се соочил со критики затоа што навивал за Хрватска за време на Светското првенство во Русија 2018 година.

„Секогаш сум бил таков во мојот пристап и се однесувам со почит кон сите луѓе и нации во регионот“, вели тој.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Затоа што некогаш бевме иста држава. Семејството на мајка ми е хрватско. Родена е во Белград, но сите се Хрвати. Од страната на татко ми? Црна Гора и Косово. Роден сум во Србија. Така што секогаш се однесувам исто кон сите. Имам таков пристап дека доколку некогаш бевме заедно како една нација, имаме толку многу културни сличности, традиционални сличности, јазик – зошто да не се фокусираме на тие работи?“, изјави тој.

Ѓоковиќ за време на Светското првенство 2018 доби негативни реакции од Србите бидејќи навивал за Хрватска.

„Во мојата земја ме прилично осудуваа, дури и некои од највисоките државни функционери“, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мареј откри што му е потребно на Ѓоковиќ за да биде најдобар спортист во историјата

Енди Мареј смета дека Новак Ѓоковиќ има шанса да стане и најдобриот спортист на сите времи…