Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Срцето ми е полно, се надевам дека ќе го освојам Бризбејн!

Ѓоковиќ: Срцето ми е полно, се надевам дека ќе го освојам Бризбејн!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, а по мечот беше многу добро расположение и насмеан.

„Двајца сме ветерани, играме веќе толку долго, го знам од кога ми беше 15 години, игравме и како јуниори и како професионалци. Имам добар скор против него, но имавме одлични мечеви. Има неверојатна флексибилност, агилност и брзина, еден од најголемите атлети некогаш во тенисот. Убаво е да го гледаме, привлекува публика ширум светот на стадиони, харизматичен е – се надевам дека ќе играме уште пред да се повлечеме“, рече Новак по победата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Новак има можност во Бризбејн да дојде до 100-тата титула во кариерата.

„Никогаш не сум го освоил Бризбејн. Вистина е! Се надевам дека оваа година е таа. Играв тука неколку пати, одамна уште во 2009 година, играв и на АТП купот… Секој пат кога играм тука, навивачите се страствени, ви благодарам, неверојатни сте“, им се обрати и на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…