Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со господска порака: Сакам да го освоиш турнирот, пријателе!

Ѓоковиќ со господска порака: Сакам да го освоиш турнирот, пријателе!

Новак Ѓоковиќ го предаде денес мечот од полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет. Час и 20 минути траеше првиот период од играта, Новак во паузата помеѓу 11. и 12. гемдоби таблети против болки, но не помогнаа доволно.

Неколку часа по тоа, Новак се огласи преку Инстаграм, па ја искористи можноста да им се заблагодари на организаторите на турнирот и да му посака среќа на Зверев во финалето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Се обидов да се рехабилитирам за мечот, но можев да играм само до сега. Сепак, ќе понесам позитивни искуства од годинешниот Австралија опен. Ви благодарам на ‘сите што на убав начин го примивте мојот тим, семејството и мене, како и секогаш. Честитки за Саша за уште едно Гренд слем финале. Сакам да го освоиш турнирот затоа што тоа го заслужи, пријателе”, напиша Ѓоковиќ на Instagram.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…