Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Австралијан опен

Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Австралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако го декласираше чешкиот играч Томаш Махач со резултат 3:0 (6:1, 6:4, 6:4) за два часа и 24 минути. Ѓоковиќ доминантно го освои првиот сет, со два брејка и без загубен сервис.

Во вториот сет чешкиот тенисер веднаш направи брејк, но Српскиот тенисер возврати и намали на 1:2, по што тој побара медицински тајм-аут поради проблеми со голтањето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ потоа направи уште еден брејк и така го реши сетот. Веднаш на почетокот на третиот сет Ѓоковиќ направи нов брејк и дефинитивно ја заврши работата.

Противник на Српскиот тенисер во осминафиналето ќе биде уште еден Чех, Ѓиржи Леечка, кој лесно и убедливо го победи Французинот Бенжамен Бонзи со резултат 3:0 (6:2, 6:3, 6:3) за еден час и 49 минути, пренесува Танјуг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Веќе му станува традиција: Алкараз за титулата на УС Опен ќе додаде две нови тетоважи, знае и што!

Шпанецот има многу причини за славење – вторта титула на УС Опен, шести гран слем и …