Целиот свет знае дека Новак Ѓоковиќ пред три години беше спречен да игра на неговиот омилен Гренд слем во Мелбурн, како и зошто беше малтретиран тие денови во Австралија, односно деталите за невидената депортација на најдобриот тенисер на светот на сите времиња од Австралија. Но, сега открил што уште доживеал само затоа што сакал да освои уште една титула на Австралија Опен.
Според неговите зборови, за време на присилното сместување, помеѓу соочувањето со судските власти и чекањето на конечната одлука за неговиот престој во далечната земја, се соочил со големи здравствени проблеми. И тоа не по туѓа вина.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Реклама
„Кога се вратив дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен со храна во тој хотел“, изјави Ѓоковиќ за магазинот „GQ“. Ова не сум го кажал јавно на никому, но кога се вратив во Србија открив дека имам високо ниво на тешки метали“, открил Ѓоковиќ.
.BREAKING:
— Rizwan Rehmat (@dohagames) January 9, 2025
Djokovic claims he was ‘poisoned’
Paris, Jan 9, 2025 (AFP) -Novak Djokovic claimed Thursday that he was “poisoned” by lead and mercury in his food during his troubled and brief stay in Melbourne in 2022 before he was deported on the eve of the Australian Open. pic.twitter.com/kX7tgTSmNd