Стефан Едберг, еден од најдобрите тенисери во историјата, ретко дава изјави, но сега се изјасни по повод првиот грен слем на сезоната што почнува во недела. Првото прашање се однесуваше на шансите на Новак Ѓоковиќ да стане апсолутен рекордер по бројот на грен слем пехари. Во моментов има 24, исто колку и Маргарет Корт. Ноле е рекордер во две категории – во машка конкуренција и во Опен ерата, бидејќи Австралијанката повеќе од половина од своите пехари ги освоила во аматерска ера, кога на професионалците не им било дозволено учество на најголемите натпревари.
„Никогаш не смеете да го отпишете Ѓоковиќ. Мојата лична проценка е дека неговите најголеми шанси се на Австралија Опен или Вимблдон, со оглед на неговото огромно искуство на трева“, изјавува Едберг за Би-Би-Си, кој освои по две титули во Мелбурн, Лондон и Њујорк, а во Париз играше финале.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Швеѓанецот вели дека на Новак му треба и малку среќа.
„Сè мора да му оди во прилог, бидејќи е постар за една година и не играл многу натпревари во последните шест месеци“, додава тој.