Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Многумина очекуваа да се повлечам, но реков дека ќе продолжам!

Ѓоковиќ: Многумина очекуваа да се повлечам, но реков дека ќе продолжам!

Најдобриот тенисер на сите времиња уште еднаш потврди дека е најдобар. Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз во четврт-финалето на Австралија Опен по пресврт и се пласира меѓу четирите најдобри каде сега го очекува мечот со Александар Зверев.

Во разговор за „Еуроспорт“, Ѓоковиќ истакна дека ова не е првпат да се бори со повреда на Австралија Опен, но дека уживал во играта против Алкараз.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Енергијата беше неверојатна, а Новак на крајот испрати порака до сите оние кои го потценија на еден или друг начин.

– Така е. Мислам дека сите некако ја впиваме таа енергија од публиката, публиката исто така е многу внимателна, и навиваат за едниот или другиот, многу работи се случуваат тука, многумина очекуваат дека ќе се повлечам, но реков дека ќе продолжам, дека ќе се борам. Но да, ова е одлична победа, голема, горд сум на начинот на кој го постигнав ова. Очекувам планински предизвик, тоа е Саша Зверев, морам добро да се подготвам за тој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…