Дома Останати Тенис Ѓоковиќ мистериозен: Не можам да ви кажам што зборував со Мареј

Ѓоковиќ мистериозен: Не можам да ви кажам што зборував со Мареј

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одржа прес-конференција по пласманот во второто коло на Австралија опен.

Ѓоковиќ во првото коло беше подобар од деветнаесетгодишниот Басавареди со 3-1, по сетови 4:6, 6:3, 6:3, 6:2.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


На прес-конференцијата ги изнесе своите импресии.

„Тој навистина ме импресионираше, целиот стадион беше импресиониран, затоа доби добар аплауз од публиката. Го видоа тоа што го правеше на теренот и каков квалитет донесе, со борбен дух. Честитки за него на дебютот на Гренд слемот и за тоа како играше во таква ситуација, секоја чест. Сигурен сум ако продолжи вака – е многу млад – често ќе го гледаме во иднината. Многу комплетен играч, секако може да напредува, но веќе има многу добра игра“, започна Ѓоковиќ.

На прашањето дали го доведе Мареј поради тоа што може да му каже за време на натпреварот, остана „таинствен“.

Не можам да ви кажам што точно зборувавме, тоа е меѓу нас. Се обидуваме да комуницираме доста и пред и за време на натпреварот. Зборувавме многу, зборувавме и пред пет минути, како се чувствувам, како мисли тој дека играв, што утре треба да направиме на тренинг… Мислам дека комуникацијата е клучна за да се разбереме. Сè уште не сме поминале многу време заедно, сè уште сме во фазата на запознавање, а ова е првиот натпревар што го имавме заедно“, јасен е Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос го напушти Австралија опен и можеби никогаш нема да се врати?!

Кога Ник Кирјос и Новак Ѓоковиќ неодамна уживаа во игра на двојки на АТП турнирот во Бризб…