Дома Останати Тенис Ѓоковиќ испадна во второто коло, а напредуваше за две места на АТП-листата

Ѓоковиќ испадна во второто коло, а напредуваше за две места на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше на најновата АТП листа и тоа за две позиции, иако беше елиминиран во второто коло на Индијан Велс.

Турнирот кој му припадна на Џејк Дрејпер, Новак го заврши на самиот почеток со пораз од Ботик ван де Зандшулп. Изгуби само 40 поени поради поразот во третото коло минатата сезона од Лука Нардји, но најмногу поради тоа што лошо одиграа Данил Медведев, Андреј Рубљев…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Така, на новообјавената АТП листа, Новак го зазема петтото место со 3.860 поени. Има пет поени повеќе од Каспер Руд и 60 повеќе од освојувачот на овогодишното издание на Индијан Велс, Џејк Дрејпер, кој скокна за дури седум позиции.

Новак е оддалечен само 40 поени во однос на четвртопласираниот Тејлор Фриц, потоа следат Карлос Алкараз, Алекс Зверев и непрекосновениот Јаник Синер со 11.330 поени на првото место.

Ѓоковиќ, доколку не дојде до пресврт, би требало да учествува на Мастерсот во Монте Карло од 6 до 13 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кошмарен почеток на УС-Опен за Ѓоковиќ и Даниловиќ – издржаа само 45 минути

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ не успеаја да се пласираат во второто кол…