Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го победи Алкараз, па им порача на неговите деца: Што правите вие уште тука? – На спиење!

Ѓоковиќ го победи Алкараз, па им порача на неговите деца: Што правите вие уште тука? – На спиење!

Џим Куриер овојпат имаше малку повеќе време со Новак Ѓоковиќ по натпреварот, а по победата против Алкараз, српскиот тенисер изрази голема почит кон младиот Карлос Алкараз. 

“Со моите две нозе и две раце. Или една и пол нога. Морам да кажам дека имам голема почит за Карлос, начинот на кој играше. Апсолутна почит, извонреден е момче, четири гренд слема досега и се надевам дека наскоро ќе видиме нови големи натпревари. Овој меч денес беше… Саша Зверев беше буден и го гледаше ова. Ова е еден од епските мечеви. Еве, еден час е после полноќ, благодарам што го следевте овој меч”, изјави Новак. 


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Вели дека лековите завршија голема работа денес.

“Сè уште сум на теренот и не можам да се жалам. Лековите почнаа да делуваат, ми помогнаа. Зедов уште една доза, иако тоа звучи ужасно. Кога го изгубив сетот, се чувствував сè подобро и подобро. На почетокот од четвртиот ми Карлос даваше шанси, подобро се движев. Не ја чувствував повеќе таа повреда, лековите почнаа да ме опуштаат. Ќе видиме како ќе биде утре кога ќе заврши дејството”, рече Ѓоковиќ. 

Сети се и на 2023 година кога имаше слични проблеми.

“Кога се враќаме во 2023 година, имав слична повреда. Од почетокот на турнирот оваа повреда ме следеше и понекогаш скратувањето на поените ми помогна. Едноставно во тие ситуации сте нервозни, има успони и падови. Секој поен може да го пренесе моментумот на друга страна. Кога играте против Карлос, тоа е голем интензитет. Ве турка да играте најдобро што можете во тој момент”, рече Новак. 

Она што го изненади најмногу е тоа што неговите деца се будни. Потсетуваме, натпреварот заврши еден час по полноќ во Мелбурн. 

“Изненаден сум што моите деца сè уште се овде. Ви благодарам, но морате да одите на спиење”, рече тој. 

Следен противник – Александер Зверев.

“Се надевам дека ќе се опоравам. Само за тоа размислувам. Ќе имам тој ден, мислам дека ќе биде доволно добро да се подготвам. Саша игра најдобриот тенис досега”, рече тој. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Децата на Ѓоковиќ воодушевија со прославата по триумфот против Алкараз (Видео)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Австралија о…