Дома Останати Тенис Ѓоковиќ дозна против кого ќе игра за 100-та титула во кариерата

Ѓоковиќ дозна против кого ќе игра за 100-та титула во кариерата

НОВАК ЃОКОВИЌ ќе игра против 19-годишниот Чех Јакуб Менсик во финалето на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами.

Српскиот тенисер, кој за многумина е најдобар во историјата, ќе бара во тоа финале својата 100-та титула на АТП тур. Сто или повеќе титули досега во тениската Опен ера освоиле само двајца тенисери.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Американецот Џими Конорс ја предводи листата со 109, пред Швајцарецот Роџер Федерер, кој се пензионираше со 103 титули. Ѓоковиќ ќе се обиде до јубилејната бројка да стигне во мечот против 54-тиот тенисер во светот, кој во полуфиналето го совлада фаворизираниот Тејлор Фриц со 7:6(4), 4:6, 7:6(4).

Ѓоковиќ и Менсик досега се сретнале само еднаш на АТП. Тоа беше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, а Србинот славеше со 6:7(4), 6:1, 6:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…