
Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите, професорите и средношколците кои протестираат со недели и бараат одговорност за трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица.
Српскиот тенисер, освојувач на 24 титули од Грен слем, вечерта во среда се огласи на својот „Икс“ профил.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
„Како некој што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне.
Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила.
Тоа што на сите нас ни е потребно е разбирање и почит. Со вас, Новак,“ порача Ѓоковиќ, кој претходно ги поддржа и протестите против копање на литиум во Србија.
Како некој што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) 18 декември 2024
Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила.
Она што на сите нас ни е потребно е разбирање и почит. Со вас, Новак.