Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, но неговата победа против Томаш Махач остана во сенката на силната порака што ја испрати по натпреварот до студентката Соња Поњавиќ која за време на вчерашните протести беше удрена од автомобил во Белград.
Ѓоковиќ по рутинската победа ѝ испрати „срце“ на младата студентка од Краљево, а на конференцијата за медиуми изрази чудење што такви насилни дејствија се случуваат во 21 век.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Ова беше упатено до Соња која моментално е во болница. Бев шокиран, како и сите, кога го видов видеото. Едноставно не можам да верувам дека такви работи се случуваат во денешно време. Не знам што му се случува во главата на човекот за да направи такво нешто, да прегази друг човек, а уште повеќе млада жена, студентка. Не знам што би додал, освен како и секогаш, да повикувам на мир и разбирање. Јас сум против насилство од секаков вид, а изгледа дека го има се повеќе на улиците“, искрено изјави Ѓоковиќ на конференцијата за медиуми.