Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на македонскиот ракометен колектив, Еурофарм Работник. Клубот го потврдува договорот потпишан денес во Белград и со назначувањето на младиот српски стручњак го комплетира ростерот за следната сезона.

43-годишниот Чирковиќ е селектор на кадетската репрезентација на Србија, а во клупскиот ракомет ги водеше екипите на Војводина, Жезелничар, Партизан, Илиопулис, Југович Каќ и Доброгеа Суд од Констанца. Прогласен е за најдобар српски тренер во 2014 година, а првенството и Купот на Србија го освојувал и со Партизан и со Војводина.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Новиот тренер наскоро ќе допатува во Битола и ќе ги почне подготовките за новата сезона во која Еурофарм Работник ќе игра во ЕХФ Купот. Чирковиќ ќе го наследи Илија Темелковски кој останува да работи во клубот како советник и координатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

На повидок шок во Битола: Алонсо може да замине!

Екипата на германски Лајпциг е во потрага по нов тренер по разделбата со Рунар Сигтригсон.…