Македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот на квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарзина Кава.
Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197. то место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција, додека во двојки е рангирана на 115. то место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред заминувањето за Мелбурн Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен, воедно плановите за оваа година е настап на сите четири Гренд слем турнири, како и да се обиде да подобри својот пласман (најдобар ранг во кариерата и е 170. место остварен на 12. јуни 2017 година).
Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник.