Дома Останати Тенис Ѓорческа поразена во првото квалификациско коло на УС Опен

Ѓорческа поразена во првото квалификациско коло на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Јулија Риера во првото квалификациско коло за УС Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Риера победи со 7-6, 6-3 после 1 час и 36 минути игра.

Ѓорческа почна одлично, поведе со 4-1 во првиот сет, а имаше и предност од 5-3 и гејм на свој сервис. Но, деветтиот гејм го загуби без да освои поен, а на крај во овој сет одлучуваше тајбрејкот во кој Риера беше подобра со 7-4.

Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно да го загуби сетот со 3-6, и тука да заврши нејзиниот пат во квалификациите на последниот гренслем турнир годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…