Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во Аламинос, Ларнака на Кипар што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Таа денес во четвртфиналето ја совлада младата тенисерка од Русија Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (62 62) за 97 минути игра. Нашата тенисерка имаше одлична реализација на брејк топките 4/6, а воедно не и дозволи на ривалката ниту еден брејк од девет шанси. Според бројот на поени беше 73:51 за Ѓорческа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет Ѓорческа „го отвори“ со водство од 2:0 и таа предност ја имаше до 4:2 во гемови, а потоа со уште два гема го заврши сетот со 6:2. Во вториот сет нашата тенисерка беше уште поубедлива и поведе со 4:0, а потоа само ја реализираше предноста и сетот повторно го заврши со 6:2 во гемови.
За пласман во финалето утре во полуфиналната пресметка нејзина противничка ќе и биде Италијанката Нурија Бранкачио (23 години, 240. то место ВТА) која со 2-0 во сетови 6:3 и 6:3 ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија.