Дома Останати Тенис Ѓоковиќ удри по системот и повторно згрме за проблемите на тенисерите

Ѓоковиќ удри по системот и повторно згрме за проблемите на тенисерите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ како претседател на ПТПА зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат играчите при носењето одлуки.

Пред неколку години, Новак основаше независно здружение со Васек Поспишил, здружението на играчи, кое се справува со проблемите.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Српскиот ас редовно зборува во јавноста, а овој пат зборуваше за тоа како играчите не можат да влијаат на важните одлуки кои се носат во светот на „белиот спорт“.

„Системот е структуриран и основан на таков начин што не дозволува играчите да имаат улога во одлучувањето. Тоа што мислам во управувањето со АТП и ВТА, имате 50 проценти АТП и ВТА и 50 проценти турнири. Во повеќето случаи, ќе имате конфликт на интереси“, рече тој. Ѓоковиќ додаде:

„Ако навистина имате структура и систем, јас бев дел од Советот и претседател на Советот шест, седум години, така што разбирам како функционираат работите. Имаме претставници од Советот на играчи, тројца, вие имате тројца претставници на турнирот и имате директор кој го „расипува“ гласот. Во многу случаи кога сакате да направите значителна разлика, мора да имате супермнозинство и мнозинство, тоа нема да се случи, бидејќи двете страни имаат различни интереси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Ако не можам да се борам за титулата на Вимблдон, местото ќе им го препуштам на другите

Ссдумкратниот шампион на Вимблдон, Србинот, Новак Ѓоковиќ, е охрабрен од неговиот напредок…