Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на Србија Опен со победата од 2-1 во сетови против Карен Хачанов.




Србинот почна лошо и Хачанов направи брејк, по што ја одржуваше предноста до крајот и го доби сетот со 6-4.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
И тоа беше единствен сет во кој Хачанов имаше шанса, додека во вториот српскиот тенисер направи серија од пет гемови по ред и стигна до 1-1. На отворањето на третиот сет Ѓоковиќ веднаш му го одзема сервисот на ривалот, а потоа во петтиот гем направи нов брејк и беше повеќе од јасно дека ќе ја добие победата.




Ѓоковиќ во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Андреј Рубљев и Фабио Фоњини.