Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија Опен испиша историја!

Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија Опен испиша историја!

Новак Ѓоковиќ денес со пресврт стигна до освојувањето на Австралија Опен.

Ѓоковиќ ја освои 78. титула во кариерата и со што се доближи до Рафаел Надал кој има шест повеќе. Австралија Опен е турнирот на кој Ѓоковиќ има најголем успех, тука Србинот има учинок од 75 победи и осум порази, пред него е само Федерер со 102 победи и 15 порази.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Со освојувањето на трофејот Ѓоковиќ стана и првиот тенисер со титули во три различни декади по Кен Роузвел. На Роузвел тоа му успеа во од 50-тите до 70-тите.

Ѓоковиќ го одбрани трофејот и со тоа стана 14. тенисер на кого му успеало тоа во Мелбурн. Новак стана и третиот тенисер со најмалку осум грен-слем титули на еден од најголемите турнири. Надал има 12 на Ролан Гарос, а Федерер осум на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oва го може само Ѓоковиќ: Спектакуларно освои поен, па ја воодушеви публиката! (Видео)

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет од Лоренцо Музети на финалето од АТП турнирот во Атина,…