Дома Останати Тенис Ѓоковиќ сигурно чекори кон нова титула: Падна и Фриц за полуфинале!

Ѓоковиќ сигурно чекори кон нова титула: Падна и Фриц за полуфинале!

Новак Ѓоковиќ изгуби сет, но успеа да обезбеди полуфинале на Австралија Опен победувајќи го со 3:1 Американецот, Тејлор Фриц.

Во меч кој траеше 3 часа и 48 минути Ѓоковиќ имаше проблем со брејк топките, а посебно долги беа првите два сета кои се играа повеќе од два ипол часа. Ѓоковиќ во нив пропушти дури 15 брејк топки што не се памети кога претходно му се случило.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По првите два сета следуваше многу подобра игра на Ѓоковиќ кој не дозволи изненадување. Можеби одлучувачки на крајот беа 39. Неизнудени грешки кои ги имаше Фриц.

Треба да се каже дека досега секогаш кога Ѓоковиќ стигнувал до полуфиналето на Австралија Опен и го освојувал турнирот. За место во финалето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Синер и Рубљев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најубавата дебитантка на Вимблдон си замина дома со 76.000 евра, а досега работела и како доставувачка на храна!

Тенисерката Крсон Бранстин, која беше прогласена за најубава дебитантка на Вимблдон, се со…