Дома Останати Ѓоковиќ се уште не донел одлука за настап на Австралија Опен!

Ѓоковиќ се уште не донел одлука за настап на Австралија Опен!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ ќе учествува на два егзибициски турнири во Мелбурн пред да донесе конечна одлука за настап на Австралија Опен.

Ѓоковиќ поради повреда на лактот отсуствуваше од терените цели шест месеци, а поради болки во лактот го откажа и учеството во Абу Даби, па така враќањето го одложи за Мелбурн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Новак ќе отпатува за Австралија каде ќе учествува на два турнири од егзибициски карактер. После тоа ќе биде донесена и конечна одлука за настап на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија Опен, каде Ѓоковиќ има шест титули“, стои во соопштението за јавноста.

Покрај Ѓоковиќ на овогодишеншниот „Кујонг Класик“ од 10-ти до 12-ти јануари ќе учествуваат уште Давид Гофан, Доминик Тим, Марин Чилиќ, Пабло Карењо-Буста и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на АТП-листата, иако го загуби финалето на Австралија Опен

Актуелниот Австралија Опен заврши, а АТП рангирањето почнува да ги отсликува сите настани …