Дома Останати Ѓоковиќ се врати со победа!

Ѓоковиќ се врати со победа!

Новак Ѓоковиќ имаше победнички кам-бек на терените по повредата, Србинот лесно со 2-0 го доби дуелот со Фабио Фоњини на турнирот во Шангај.

Ѓоковиќ на денешниот дуел докажа дека неговата повреда е минато и дека полека се враќа во формата која ја загуби во текот на летото.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Светскиот рекет број еден уште од почетокот наметна силно темпо на игра кое никако не можеше да го следи италијанскиот ветеран. Едниот брејк во првиот и трите во вториот сет беа пресудни за новата победа на Ѓоковиќ над Фоњини во меч кој траеше час и 20 минути.

Следен противник на Србинот ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Димитров и Поспишил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ понижен како никогаш досега на меч во Евролигата (Видео)

Поранешниот светски тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, повторно се појави на натпрева…