Дома Останати Тенис Ѓоковиќ призна: Знаев дека сум заразен на интервјуто за „Л’Eкип

Ѓоковиќ призна: Знаев дека сум заразен на интервјуто за „Л’Eкип

Новак Ѓоковиќ и понатаму е една од главните теми во медиумите.

Откако се појави дека тестот дека на 16. декември бил позитивен во јавноста главното прашање е како ги правел активностите во наредните денови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сакам да одговорам на сите дезинформации за моите активности во декември кои се поврзани со мојот позитивен резултат од ПЦР тестот за Ковид-19. Сакам да истакнам дека многу се трудев да обезбедам сигурност за сите. На 14-ти декември бев на кошаркарски натпревар во Белград, а потоа бе ше објавено дека таму имало повеќе кошаркари позитивни на коронавирус“.

„Иако немав симптоми направив брз тест на 16-ти декември. Тестот беше негативен, но како мерка за претпазливост истиот ден направив и ПЦР тест. Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград на доделување награди за деца. Пред да одам таму, повторно направив брз тест и тој тест беше негативен. Се уште немав симптоми па затоа и заминував. Известувањето дека бев позитивен го добив дури после тој настан“.

Потврди дека дал интервју за „Л’Eкип“.

„Следниот ден во мојот тениски центар ја исполнив претходното договорената обврска за интервју. Чувствував дека сум должен да го дадам интервјуто, не сакав да го изневерам новинарот, но се држев до мерката на социјално дистанцирање и носев маска за време на снимањето. По интервјето веднаш заминав дома и бев во изолација наредниот период. Сега ми е јасно дека погрешив и дека требаше да ја одложам таа обврска“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…