Дома Останати Тенис Ѓоковиќ повторно се соочува со проблеми затоа што нема вакцина

Ѓоковиќ повторно се соочува со проблеми затоа што нема вакцина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со проблем затоа што нема примено вакцина за ковид-19. Како што стојат работите Ѓоковиќ нема да може да настапи на турнирте во Соединетите Американски Држави.

Станува збор за мастерс-турнирите Индијан Велс и Мајами, а Ѓоковиќ нема да може да настапува затоа што локалната администрација ги продолжи мерките поради новиот бран на коронавирусот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според мерките секој човек кој од странство ќе сака да влезе во овие области мора да има примено вакцина.

Турнирите се играат во месец март. Првиот е на 8-ми, а вториот на 22-ри март. Во овој момент не е познато дали Ѓоковиќ би можел да биде исклучок во мерките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа по голема борба го загуби финалето во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да освои нов трофеј, откако беше …