Дома Останати Тенис Ѓоковиќ не се откажува: Поднел молба за влез во САД

Ѓоковиќ не се откажува: Поднел молба за влез во САД

Новак Ѓоковиќ не се откажува и ќе се обиде да дојде до можност за настап на Индијан Велс.

Последните информации се дека српскиот тенисер поднел молба за влез во САД. Се наведува дека српскиот тенисер во молбата ја спремил комплетната потребна документација за да може да настапи на Индијан Велс и Мајами.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По објавата на медиумите, информацијата ја потврдија и од семејството на Ѓоковиќ.

Засега не е познато каков ќе биде одговорот на властите во САД. Инаку, како што е добро познато Ѓоковиќ не може да влезе во САД затоа што не поседува сертификат за примена вакцина.

Главната основа за молбата на Ѓоковиќ е што веќе скоро во целиот невакцинираните лица се слободни без никакви ограничувања. Останува да се почека и да се види каков ќе биде одговорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. грендслем титула“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне…