Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Не играм со сила, играм затоа што го сакам овој спорт

Ѓоковиќ: Не играм со сила, играм затоа што го сакам овој спорт

Новак Ѓоковиќ денес претрпе пораз од Британецот Кајл Едмунд во второто коло во Мадрид.

По овој пораз Новак го очекува голем пад на АТП листата, а Србинот истакна дека нема намера да се откаже и дека се уште има голема желба за играње тенис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не играм со сила, играм затоа што сакам. Ќе го правам тоа се додека имам љубов кон овој спорт“, изјави Ѓоковиќ.

Потоа Ѓоковиќ зборуваше за Едмунд кој во следната рунда ќе игра против Давид Гофан.

„Неговиот форхенд е силно оружје, но многу напредуваше и во другите сегменти. Одиграв два тешки меча, Кајл беше подобар играч во најважните моменти. Денес бев блиску до победа, но тоа е тенисот“, заврши Ѓоковиќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објави порака која го потресе светот на тенисот – Ова ли е крајот?!

Новак Ѓоковиќ без сомнение е еден од најголемите тенисери на сите времиња и без никаква ко…