Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Кога ми беше тешко Кирјос застана покрај мене, тоа многу го почитувам

Ѓоковиќ: Кога ми беше тешко Кирјос застана покрај мене, тоа многу го почитувам

Без многу проблеми Ѓоковиќ вчера го совлада домашниот тенисер на Вимблдон, Камерон Нори и дојде на чекор од одбрана на титулата во Лондон.

Во финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со Ник Кирјос кој после откажувањето на Надал поради повреда доби прилика без борба да игра за трофејот. Ѓоковиќ и Кирјос беа во лоши односи, но нивниот однос многу се подобри во моментите кога Ѓоковиќ поминуваше низ драмата во Австралија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тогаш Кирјос беше еден од ретките тенисери што јавно застанаа на страната на српскиот тенисер.

„Односот меѓу мене и Кирјос значително се подобри во јануари. Тогаш поминував во тешки моменти, а Кирјос беше еден од ретките кои застана покрај мене. Тоа е нешто кое многу го почитувам“, изјави Ѓоковиќ.

Инаку, Ѓоковиќ и со освојувањето на Вимблдон го чека голем пад на АТП листата (тука) бидејќи од овој турнир бодови не се освојуваат. Така српскиот тенисер ќе изгуби 2.000 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…