Дома Останати Тенис Ѓоковиќ зборуваше за пензионирање: Искрено, можам уште сега, но…

Ѓоковиќ зборуваше за пензионирање: Искрено, можам уште сега, но…

Српскиот тенисер и се уште првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вели дека се уште е мотивиран за играње тенис и за нови победи, а тоа веројатно значи дека нема да се пензионира наскоро.

Секој член од големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) има преку 30 години и прашањата за пензионирање станаа нормална работа за сите тројца. Сепак, Ѓоковиќ, како и Надал и Федерер, не размислува за тоа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Искрено, не сум обврзан да играм. Можам уште утре да го закачам рекетот на клин ако тоа го сакам, бидејќи пред се сум татко на две деца, од кои мојот син има пет години и треба да тргне на школо, така да секој би сакал да поминува повеќе време со нив. Сепак, среќен сум што се уште играм, се уште сум мотивиран и спремен сум да играм за нови победи во овој прекрасен спорт.“ – изјави Ноле.

Тој смета дека има психичка предност во однос на Федерер и Надал пред неговите натпревари.

„Да, чуствувам дека имам психичка предност. Така е пред почетокот на натпреварот, не во текот на него. Кога играте, концентрирани сте само на следниот поен, но пред натпреварот, да, чуствувам дека сум во предност.“ – изјави Ноле.

Ѓоковиќ за сега има 16 Гренд Слем титули, три помалу од Надал и четири од Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…