Новак Ѓоковиќ беше поразен од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во четвртото коло на Мајами, па втора сезона во низа испаѓа во раната фаза на првите два Мастерси.
Поразот од Агут изгледа му даде причина на Новак сериозно да размисли и да ја анализира својата игра бидејќи не се прослави и на Индијан Велс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не ми е прв пат рано да изгубам во првите два Мастерса. Така е овие две последни сезони. Дефинитивно ќе мора да размислам како ќе се припремам за Индијан Велс и Мајами следната година“, изјави Ѓоковиќ.
"Viva Espana in Miami" ??@BautistaAgut earns consecutive wins over the World No.1 in 2019, d. Djokovic 1-6 7-5 6-3 to reach the QFs#MiamiOpen pic.twitter.com/z4oRddwGtZ
— Tennis TV (@TennisTV) March 26, 2019
Во дуелот со Агут искористи само четири од 13 брејк шанси, кога ќе пропуштите толку многу брејк шанси поразот е неизбежен.
„Тој е добар играч. Му честитам на одличното враќање во мечот. Но ваков меч не смеев да си дозволам да изгубам. Имав многу прилики, но ги пропуштив. Кога нема да искористите толку многу шанси се завршува вака како што се заврши“, изјави Ѓоковиќ.